Вашингтон: Конгресот го одобри планот за спас на финансискиот систем

Американскиот Конгрес го одобри планот за спас на финансискиот систем, вреден 700 милијарди долари, но берзата во Њујорк и натаму бележи пад. Претседателот Џорџ Буш го потпиша законот.

,,Му покажавме на светот дека Соединетите Американски Држави ќе го стабилизираат сопствениот финансиски пазар и ќе продолжат да имаат водечка улога во глобалната економија."

Изјави Буш. Инаку, синоќа, американската влада соопшти дека во минатиот месец биле укинати околу 159 илјади работни места.