Москва: Путин ја критикуваше Украина за можното снабдување на Грузија со оружје

Рускиот премиер Владимир Путин упати остри критики до Украина поради наводите дека Киев можеби ја снабдувал Грузија со оружје и воен персонал пред и за време на августовската војна со Русија. Тоа е злосторство, изјави Путин за време на неговата средба со украинскиот премиер Јулија Тимошенко во близина на Москва. Двајцата премиери потпишаа меморандум за снабудавњето на Украина со руски гас.