Стразбур: Без ратификација на Лисабонскиот договор уште само Хрватска во ЕУ,вели претседателот на ЕП

Претседателот на Европскиот парламент Ханс Герт Петеринг предупреди дека без ратификација на Лисабонскиот договор во Европската унија би можело да влезе само уште Хрватска. ,,Во таков случај мораме да развиваме политика на партнерство со нашите соседи,, изјави Петеринг во интервју за еден полски весник. Според него, реално е да се очекува Лисабонскиот договор да стапи во сила во две илјади и десетата година.