Вашингтон: Претставничкиот дом на Конгресот треба да гласа за пакетот за спас на финансискиот сектор

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да се произнесе за предлог законот за санација на финансискиот сектор во вредност од седумстотини милијарди долари што во средата беше одобрен од Сенатот. Во владиниот план има извесни промени од оној што во понеделникот беше отфрлен од американските конгресмени.