Вашингтон: Прв тв дуел на потпретседателските кандидати на изборите во САД

Кандидатите за американски пот-претседател, републиканката Сара Пејлин и демократот Џозеф Бајден, вечер ќе го имаат првото телевизиско соочување. Те Ве дуелот е посебно интересен бидејки Пејлин за прв пат има ваков предизвик и ќе мора да ја убеди јавноста дека е дорсаната за функцијата. Се проценува дека дуелот би можеле да го гледаат над 50 милиони луѓе, колку што го следеле минатонеделното соочување на двајцата претседателски кандидати Барак Обама и Џон Мек Кејн.