Москва: Царот Николај Втори и неговото семејство жртва на бољшевиците, потврди Врховниот суд

Рускиот врховен суд денеска ги рехабилитира последниот руски цар Николај Втори и неговото семејство. Според судот тие биле незаконски, без судски процес, убиени од бољшевиците во 1918-тата година во Екетеринбург. Оваа симоболична одлука е дело на долгогодишна кампања на наследниците на Николај кои бараа законско признавање дека кралското семејство е жртва.