Вашингтон: Џорџ Буш ќе се сретне со командантот на НАТО силите во Авганистан

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ќе се сретне со командантот на силите на НАТО во Авганистан генерал Дејвид МекКирнан. Нато се соочува со растечкото насилство во Авганистан. Најмалку 221 странски војник, повеќето Американци, загинале оваа година. Претседателот Буш неодамна нареди испраќање на дополнителни 5 000 војници во Авганистан.