Скопје: Претседателот Црвенковски денеска и утре во Брисел на средби со лидерите на ЕУ и НАТО

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. За време на посетата, тој ќе има средби со Претседателот на Белгиската Влада, Ив Летерм, со Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, со Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана, како и со Генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Схефер.