Загреб: Десетици хрватски новинари протестираа против загрозената безбедност

Десетици хрватски новинари и борци за човекови права демонстрираа денеска во Загреб против загрозената безбедност и неспособноста на полицијата да се справи со уличното насилство. Демонстрацијата беше организирана четири месеци откако еден хрватски новинар беше претепан на улица Полицијата се уште не ги открила извршителите. Европската унија пред Хрватска ја постави задачата да ја зајакне борбата против организираниот криминал и корупцијата, ако сака да ги заврши преговорите за членство до 2009 година.