Атина: Четворица илегалци загинаа во минско поле во обид да ја преминат турско грчката граница

Четворица илегалци загинаа во минско поле на североистокот на Грција, откако ја минаа границата навлегувајќи од Турција, потврди денеска грчкото Министерство за одбрана. Повеќе од 80 имигранти загинаа во минските полиња во оваа област од 1994 година, но ова е прв ваков случај од 2006 година, соопшти Групата за мониторинг на минските полиња. Границата меѓи Турција и Грција е делумно минирана, пред се, поради напнатите односи меѓу двете земји.