Виена: Водство на социјалдемократите, но голем напредок на десничарските партии на изборите

Владеачките социјалдемократи остануваат со најмногу места по вчерашните предвремени парламентарни избори во Австрија. Сепак, на изборите најмногу напредок забележаа десничарските партии освојувајќи скоро една третина од гласовите. Тие ги привлекоа гласачите од центарот, поради тоа што владата не успеа да воведе антиинфлациски субвенции за Австријците со ниски примања, кои имаат проблем да се справат со големите покачувања на цените.