Скопје: Претседателот Бранко Црвенковски предлага координативна средба за името

Претседателот Бранко Црвенковски му предложи на премиерот Никола Груевски денеска да остварат координативна средба посветена на разговорите за името по минатонеделните негови разговори со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк. Пред четири дена преку амбасадорот Никола Димитров иницирав средба за која сметав дека треба се одржи веднаш по моето враќање од Њујорк. За жал, на тој мој предлог не добив никаков одговор од Ваша страна, се наведува во соопштението од Кабинетот на Црвенковски. Соопштението од претседателот е одговор на претходната изјава на премиерот Никола Груевски, кој рече дека очекува од шефот на државата да иницира средба на која ќе информира за разговорите во Њујорк.