Атина: Русија не може да стави вето на проширувањето на НАТО, изјави Рајс

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во интервјуто за грчкиот весник Типос, изјави дека Русија не може да стави вето на проширувањето на НАТО и да им оневозможи приклучување кон Алијансата на поранешните советски држави, како што се Украина и Грузија. Рајс во интервјуто го повтори ставот на америка дека минатомесечната руска воена акција врз Грузија ќе го забави приклучокот на Москва кон Светската трговска организација и во Организацијата за економска соработка и развој.