Вашингтон: Американските законодавци не постигнаа договор за спас на финансискиот систем

Американските законодавци, на синоќешниот состанок во Белата Куќа, не постигнаа договор за планот за спас на финансискиот систем. Претседателот Џорџ Буш се состана со лидерите на Конгресот и со двајцата претседателски кандидати, Џон Мек Кејн и Барак Обама, но не била постигната согласност. Најавено е дека преговорите ќе продолжат и денеска.