Москва: Претседателот на Венецуела Уго Чавез на средба со рускиот претседател Димитриј Медведев

Претседателот на Венецуела Уго Чавез, кој е во посета на Русија, денеска разговара со рускиот претседател Дмитриј Медведев за енергетска и воена соработка меѓу двете земји. Вчера Чавез имаше средба со рускиот премиер Владимир Путин, кој и понудил помош на Венецуела за развој на нуклеарна енергија, а Русија и одобри и кредит од милјарда долари за купување руско оружје.