Истанбул: Премиерот Груевски ќе потпише меморандум за соработка со компанија од Турција

Премиерот Груевски денеска во Истанбул ќе потпише меморандум за соработка со турската компанија „Бортекник Отомотив“ соопшти владината прес служба. Компанијата преку изградбата на фабрика за производство на алуминиумски профили за автомобилската индустрија и за примена во градежништвото во Технолошката индустриска развојна зона Скопје би требало да инвестира 20 милиони евра. Капацитетот треба да почне со производство од средината на наредната година информираат од владата.