Њујорк: Ако ОН го одбие барањето на Србија, сигнал дека силата е начин за решавање на проблемите

Евентуалното одбивање на Обединетите Нации за барањето на Србија Меѓународниот суд да одлучи дали објавувањето на независноста на Косово е легитимно, би испратило сигнал дека силата е начинот на решавање на проблемите. Ова го изјави српскиот министер за надворешн и работи Вук Јеремиќ во очекување на одлуката на Генералното собрание дали ќе се обрати кон Меѓународниот суд во Хаг, кој треба да даде необврзувачко консултативно мислење дали едностраното објавување на независноста на Косово е законско.