Вашингтон: САД се соочуваат со сериозна финансиска криза, изјави Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш изјавиу дека Соединетите Држави се соочуваат со сериозна финансиска криза и дека е потребна итна правна акција за да се спречи евентуална економска катастрофа.Во своето телевизиско обраќање тој побара од конгресмените да го поддржат планот со кој се одобруваат за 700 милијарди долари со цел да се заштитат проблематичните банки и да се стабилизира американската економија.