Њујорк: Позитивен пристап за некои работи од последниот пакет, но има отворени прашања, вели Нимиц

Посредникот на Обединетите Нации Метју Нмиц по денешната средба во Њујорк со минитсерката за надворешни работи на Грција Дора Бакојани изјави дека има позитивен пристап за некои работи од пакетот идеи презентиран на последната рунда македонско-грчки разговори за името, но и има уште отворени прашања што треба да се решат. Нимиц, како што јави МИА, рече дека не изнел нови идеи, туку се разгледуваат оние што веќе ги дал. Бакојани го информирала за грчката позиција и за она, што за Атина е прифатливо, а што не. Шефицата на грчката дипломатија Бакојани, по средбата изјави дека Атина останува ангажирана во разговорите за името со посредство на Обединетите Нации. Таа уште еднаш повтори дека позицијата на Атина е, едно име што би било за свекупна употреба. Медијаторот Метју Нимиц попладне по њујоршко време ќе се сретне и со македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Шефот на македонската држава потоа треба да има средба и со Даниел Фрид, помошникот на државниот секретар на САД Кондолиза Рајс.