Брисел. Србија следната година ќе добие статус кандидат за членство во ЕУ?

Европскиот комесар за проширување Оли Рен и потпретседателот на Владата на Србија Ивица Дачиќ изјавија денеска по состанокот во Брисел дека се надеваат оти Србија во следната година да добие статус кандидат за членство во ЕУ. Рен изјави дека Европската Комисија ќе даде целосна помош во настојувањето на Србија во текот на следната година да стане кандидат за членство во Унијата. Дачиќ нагласи дека патот кон европски интеграции е еден од националните интереси за Србија.