Белград: Томислав Николиќ ќе основа нова партија – Српска прогресивна партија

Претседателот на парламентарната група Напред Србија Томислав Николиќ изјави дека ќе основа партија која ќе се вика Српска прогресивна партија. Николиќ рече дека партијата ќе дејствува како опозиција, но на српската политичка сцена нема да има непријатели туку политички противници. Тој додаде дека новата партија е подготвена да работи за заштита на Воислав Шешељ кој е обвинет од Хашкиот трибунал.