Њујорк: Отворање на конференцијата за промоција на забраната за тестирање на вооружувањето

Генералниот секретар на ОН Бан ки Мун денеска во Њујорк ќе ја отвори конференцијата чија цел е промоција на спогодбата со која се забранува тестирање на вооружувањето. На собирот ќе присуствуваат министри за надворешни работи на повеќе од 40 земји.