Њујорк: Продолжен мандатот на меѓународните сили во Авганистан

Советот за Безбедност на Обединетите Нации ја изгласа одлуката за продолжување на мандатот на меѓународните сили во Авганистан за уште една година и упати повик до земјите учеснички да ги зајакнат напорите за справување со растечката нестабилност во таа земја. Истовремено, Советот искажа сериозна загриженост од се поголемиот број цивилни жртви во Авганистан.