Њујорк: Денеска започнува дебатата во рамки на Генералното Собрание на ОН

Денеска во Њујорк започнува дебатата во рамки на заседанието на 63-тото Генерално Собрание на ОН, на која присуствуваат и македонскиот претседател Бранко Црвенковски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Дебатата ќе ја отвори генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, по што ќе се обрати американскиот претседател Џорџ Буш, претседателот на Франција Николас Саркози, ќе зборува и грузискиот претседател Михаел Саакашвили како и други лидери. Вчера во Њујорк македонскиот претседател Црвенковски се сретна со претставници на Националниот албанско - американски совет (НААС), најголемата и највлијателна организација на албанското иселеништво во Соединетите држави при што се разговарало за спорот со името со соседна Грција, како и за независноста на Косово.