Пекинг: Претседателот на Венецуела Хуго Чавез во посета на Кина

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез пристигна во Пекинг, на почетокот од неговата турнеја во чии рамки ќе ги посети и Русија и други европски држави. Чавез ќе се сретне со кинескиот претседател Ху Џинтао при што ќе бидат потпишани договори за соработка во делот на правото, спортот и други области.