Исламабад: Пакистанската војска убила 16 милитанти на Ал Каеда

Пакистанската војска соопшти дека убила шеснаесет милитанти на Ал Каида во борбите во близина на границата со Авганистан. Од минатиот месец е во тек голема офанзива на пакистанската војска во тој регион што милитантите го користат како засолниште и центар за обука.