Њујорк: Светските брзи заздравуваат по одлуката на владата на САД за интервенција

Светските берзи заздравуваат по одлуката на американската влада да интервенира во економијата во обид да ја ограничи штетата од најголемата глобална финансиска криза во изминативе неколку децении. Станува збор за спасувачки план вреден над петстотини милијарди долари за да се покријат загубите на банките поради хипотекарската криза во Соединетите држави.