Скопје: Денеска тркалезна маса „Управување со мултиетничките општини“

Проектот за етнички односи со седиште во Соединетите држави и амбасадата на Швајцарија во Македонија денеска во Скопје организираат тркалезна маса под наслов „Управување со мултиетничките општини“,. На форумот, градоначалници од мултиетнички општини и локални функционери од Западен Балкан ќе разговараат за предизвиците во локалната самоуправа и спроведувањето на децентрализацијата во мешаните општини.