Прага: Хрватска во ЕУ до крајот на деценијата, изјави Оли Рен

Хрватска може да ги заврши преговорите за членство во ЕУ во 2009 година и да се прикличи кон Унијата до крајот на деценијата, изјави денеска во Прага еврокомесарот за проширување Оли Рен. Тој нагласи дека преговорите за „најтешките“ глави од договорот за членство на Хрватска во Унијата ќе се одвиваат во текот на првата половина од 2009 година, кога со Унијата ќе претседава Прага. Во вторникот хрватскиот премиер Иво Санадер изјави дека Загреб очекува преговорите за членство на Хрватска во ЕУ да завршат до крајот на мандатот на актуелната Европска комисијата, кој истакува во октомври 2009 година.