Москва: Русија оцени дека посетата на НАТО на Грузија покажува менталитет од студената војна

Посетата на високата делегација на НАТО на Грузија неделава беше анти-руски потег и го покажува менталитетот на Алијансата од Студената Војна, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи. Во соопштението се наведува дека рефлексите од Студената Војна сеуште се присутни во НАТО.