Белград: За Србија е неприфатливо мисијата ЕУЛЕКС да биде на Косово без мандат од ОН

За Србија е апсолутно неприфатливо присуството на мисијата на ЕУ-ЕУЛЕКС во Косово без соодветен мандат од ОН, изјави Српскиот министер за Косово и Метохија Горан Богдановиќ. Белград настојува присуството на ЕУ во Косово да биде дел од усогласено меѓународно присуство, а не исполнување на планот на Марти Ахтисари, што беше отфрлен од Советот за безбедност на ОН и од Србија, изјави Богдановиќ. Тој уште еднаш ја изнесе позицијата на српската влада дека Белград никогаш нема да ја признае независноста на Косово.