Њујорк: Официјално отворено 63–тото годишно заседание на Генералното собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк синоќа официјално беше отворено 63-то годишно заседание на Генералното собрание на Светската организација. Отворањето го прогласи новиот претседавач на собранието Мигел д` Еското Брокман од Никарагва. Досегашниот претседавач Срѓан Керим го затвори 62-то заседание, при што беше усвоена резолуција со која од земјите членки се бара до февруари идната година да почнат меѓувладини преговори за проширување на Советот за безбедност на ОН.