Брисел: Европската комисија ги поздрави економските и судските реформи во Албанија

Европската комисија ги поздрави економските и судските реформи во Албанија, со напомена дека за напредок кон Унијата неопходни се уште чекори против организираниот криминал и корупцијата, како и спроведување демократски локални избори. Eврокомесарот за проширување Оли Рен изјави дека треба да се направи повеќе во однос на демократската култура и независноста на државните институции и во однос на правниот поредок.