Скопје: Дводневна посета на командантот на НАТО за Европа

Адмиралот Марк Фицџералд, командант на американската морнарица за Европа и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол од денеска ке престојува во дводневна посета на Македонија.Како што соопшти Амбасадата на САД тој ќе се сретне со претседателот Црвенковски, со министрите за надворешни работи и за одбрана Милошоски и Коњановски и со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Тема на средбите ќе биде поддршката што земјава ја дава за операциите на НАТО во светот, како и продлабочувањето на односите на САД и НАТО со Македонија.