Анкара: Едно лице загина, а петмина исчезнати при потонување на ферибот

Едно лице загина, а петмина се уште се водат како исчезнати при потонувањето на ферибот во Мраморното море во северозападна Турција, соопшти Државна агенција за поморство. Фериботот на кој имало стотина луѓе потонал веднаш по испловувањето од турското пристаниште Бандирма. Причините за несреќата засега не се познати.