Њујорк: Леман Брадрс прогласи банкрот

Американскиот финансиски систем се соочи со натамошни проблеми откако денеска една од најголемите инвестициони банки Лиман Брадрс најави банкрот. Оваа банката поради кризата на хипотекарниот пазар, претрпе загуба од неколку десетици милијарди долари. Претходно, Бенк оф Америка соопшти дека се согласила да ја преземе инвестиционата компанија Мерил Линч која се соочува со финансиски тешкотии. До сето ова дојде и покрај неодамнешните чекори на американската централна банка за смирување на финансиските пазари.