Скопје: Македонија го исполни и третиот услов за лизна либерализација, изјави Ивица Боцевски

Македонија го исполни и третиот услов за целосна либерализација на визниот режим со отварање на Националниот координативен центар за гранично управување, изјави заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски при посетата на Центарот со министерот за информатичко опшество Иво Ивановски. Тој изрази надеж дека во наредниот период Европската комисија ќе ја донесе целосната одлука за визна либерализација со што Република Македонија, како што истакна излегува од балканското визно гето и граѓаните ќе имаат можност да патуваат, да студираат, да прават бизнис во земјите членки на Унијата и шенгенскиот договор.