Рим: Интервју на премиерот Груевски за РАИ

Премиерот Никола Груевски во интервју за италијанската национална телевизија РАИ изјави дека Република Македонија ги има исполнето сите стандарди за зачленување на земјата во НАТО. Во врска со прашањето за спорот со името, премиерот истакнува, дека Република Грција врши непринципелна блокада, со тоа што од една страна бара промена на нашето име, и не само тоа, како што вели, таа сака да го одреди новото име, изјави премиерот Никола Груевски во интервјуто за РАИ во кое исто така истакна дека е прашање до кога Европската Унија ќе го толерира ваквото однесување на Грција.