Скопје: Од утринава отворени граничните премини меѓу Грција и Македонија

Граничните премини меѓу Македонија и Грција од изутрината се отворени за сообраќај, соопшти Авто-Мото Сојузот на Македонија. Премините Богородица, Дојран и Меџитлија беа затворени од вчера изутрината поради штрајк на грчките царински работници, кои бараа подобрување на условите за работа.