Париз: Изгаснат пожарот што вчера избувна во тунелот под Ла Манш

Пожарот што синоќа избувна во тунелот под Ла Манш кој ги поврзува Британија и Франција денеска бил угасен, соопшти претставник на француската полиција во Кале, наведувајќи дека гаснењето траело петнаесет часови поради отежнатите услови за работа во тунелот каде што температурата се покачила на илјада целзиусови степени. Се претпоставува дека пожарот избувнал во воз кој пренесувал возила.