Венецуела: Хуго Чавез го протера американскиот амбасадор од Венецуела

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез го протера американскиот амбасадор во таа земја како знак на поддршка и солидарност со Боливија. Чавез му даде на американскиот амбасадор седумдесет и два часа да го напушти Каракас, а го отповика и својот амбасадор од Вашингтон. Овие потези на Чавез дојдоа откако претседателот на Боливија Ево Моралес го протера американскиот амбасадор, обвинувајќи го дека ги поддржува протестите на опозицијата во таа земја.