Белград: Шефот на УНМИК Заниер на разговори со српскиот министер за Косово

Шефот на УНМИК Ламберто Заниер денеска е во Белград на разговори со српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ. Најавено е дека ќе стане збор за правосудството, царината и полицијата на северот на Косово. Денешните разговори се продолжување на дијалогот меѓу УНМИК и Белград кои почнаа кон крајот на јули годинава.