Исламабад: Шефот на пакистанската армија остро ги критикуваше акциите на сојузничките сили

Шефот на пакистанската армија – генерал Ашфак Кајани остро ги критикуваше акциите на американските сили од авганистанска територија против милитантите во Пакистан. Во соопштението се вели дека на ниедна сила однадвор не и е дозволено да дејствува во Пакистан. Претставник на Пентагон изјави дека американските сили тесно соработуваат со Пакистан во борбата против милитантите во реонот на авганистанско – пакистанската граница.