Вашингтон: САД и Ирак сакаат намалување на бројот на американски војници во Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека и Соединетите Држави и Ирак сакаат да се намали бројот на американските војници во таа земја. По средбата со ирачкиот претседател Џалал Талабани во Вашингтон, Буш оцени дека ситуацијата во Ирак и натаму е тешка, но оти безбедноста е значително подобрена и оти ќе бидат повлечени извесен број американски војници.