Венецуела: Два руски стратегиски бомбардери слетаа во Венецуела

Два руски стратегиски бомбардери, слетаа во Венецуела, а според портпаролот на руските воздушни сили, до пред слетувањето били следени од воени авиони на НАТО. Москва соопшти дека бомбардерите се во Венецуела заради воена вежба во неутрални води и потоа ќе се вратат во Русија. Претседателот на Венецуела Уго Чавез изјави дека оваа вежба е дел од мерките против американското влијание.