Пекинг: 34 лица загинале во лизгање на земјиштето во северна Кина

Триесет и четири лица загинале, а стотици други се водат како исчезнати во лизгањето на земјиштето во северна Кина. Агенциите јавуваат дека лизгањето во кое биле урнати неколку згради било предизвикано од неколкудневните поројни дождови во тој регион.