Вашингтон: Буш планира до крајот на годината да го задржи бројот на војниците во Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш планира до крајот на годинава да го задржи сегашниот број на војници во Ирак, а од средината на јануари да повлече до 8 илјади војници. Во говорот кој ќе го одржи денеска, се очекува тој да потврди дека во Ирак остануваат 145-те илјади американски војници до крајот на неговиот мандат.