Скопје: Македонија покажа спремност за компромис со Грција, но не по секоја цена, рече Груевски

Македонија„покажа спремност за компромис, но не по секоја цена“ рече премиерот Никола Груевски на синоќешната прослава на празникот 8-ми септември, говорејќи за спорот со Грција за името. Ние сме за решение, но не сме за решение што нема да ги заштити нашите интереси и нашиот идентитет. Ние сме за НАТО и за ЕУ, но не можеме за тоа да одиме подалеку отколку што тоа ни го дозволува историјата и од тоа што ни го дозволуваат мнозинството граѓани, истакна премиерот. Тој ги повика сите граѓани на Македонија да се обединат без оглед на етничката, верската или партиската припадност.