Вашингтон: Џон Мек Кејн во предност пред Барак Обама според најновите истражувања

Претседателскиот кандидат на Републиканците, Џон Меккејн е во предност за 4 насто во однос на кандидатот на Демократите Барак Обама, покажува најновото истражување на Ју ЕС Еј Тудеј – Галуп. По конвенцијата на Републиканците, Меккејн има подршка од околу 50 насто од анкетираните, додека Обама околу 46 насто, а се покажало и дека изборот на Сара Пејлин за вице-претседателски кандидат на Републиканците, бил добар потег.