Ангерс: Министерот за здравство Османи на состанок на министрите за здравство на ЕУ

Министерот за здравство Бујар Османи учествува на средбата на министрите за здравство на земјите-членки на ЕУ во Ангерс, Франција. Османи, како што најави Министерството за здравство, ќе ги презентира активностите и мерките што Република Македонија ги презема на планот на санитарната безбедност, како што се Акциониот план за птичји грип, усогласување на законодавството за заразни болести со легислативата на ЕУ, проценка на состојбите за примената на Меѓународниот здравствен правилник. Предвидено е министерот Османи да има и повеќе билатерални средби со свои колеги од ЕУ со цел унапредување на билатералната и регионалната соработка.